562
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема да се изолира по краткиот контакт со светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, кој е позитивен на Ковид-19.
Според хрватскиот Институт за јавно здравје, нема потреба премиерот да биде во карантин бидејќи ризикот од инфекција е мал. Тој не беше во близок контакт со Ѓоковиќ. Пленковиќ беше на турнирот во градот Задар во саботата, ден пред да биде прекинат.
Резултатот од тестот на премиерот е негативен. Но, тој беше обвинет и повикан од опозицијата да се изолира доброволно. Избори се очекуваат во Хрватска за нешто повеќе од една недела.