Хрватска во моментов не размислува за признавање на Палестина, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ, откако Шпанија, Ирска и Норвешка најавија дека ќе го сторат тоа. Шведска, Ирска и Норвешка денеска најавија дека на 28 мај ќе ја признаат независната палестинска држава, на што веднаш реагираше Израел со повлекување на амбасадорите од тие земји.
Со тоа, трите членки на ЕУ и се приклучија на Шведска, која во 2014 година стана првата членка на ЕУ што го стори тоа. Чешка, Унгарија, Полска, Бугарија, Романија ја признаа Палестина во 1988 година како дел од советскиот блок, а истата година, набргу по нејзиното прогласување, го призна и Кипар.
„Во моментов не размислуваме за тоа“, одговори денеска Пленковиќ на прашањето дали и Хрватска ќе ја признае Палестина. „Нашиот постојан став се заснова на решение за две држави, но на некој начин да се постигне договор“ меѓу двете страни, додаде премиерот.
Признавањето на Палестина најавија Малта и Словенија, а дека оваа можност постои најави и Австралија. Палестина како држава во моментов е призната од 143 од 193 членки на Обединетите нации.