Пленковиќ: Не е фер што Северна Македонија е „на чекање“ за ЕУ и по промената на името и уставот

by Fokus

Хрватска на самитот во Загреб во мај годинава ќе посвети особено внимание на деблокирање на почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претставувајќи ги приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, на состанокот на претседателите на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите членки на ЕУ.

Хрватскиот премиер, посочи дека „не е фер“ што Северна Македонија е „на чекање“ за отворање на пристапните преговори и по промената на името и уставот.

На Самитот во Загреб, Пленковиќ изјави дека особено внимание ќе биде посветено на деблокирање на ситуацијата во која се Северна Македонија и Албанија на Европскиот совет во октомври.

– Отвореноста на Европа, како во 90-тите години, никогаш повеќе нема да се повтори. Сега имаме внимателно дизајниран процес на проширување, изјави Пленковиќ.

 

Поврзани новости