Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ на Форумот во Блед, Словенија побара ЕУ да најде механизам и да ги исфрли билатерланите прашања од процесот на проширување.
Ја посочи Македонија како пример за тоа како страда поради билатерални прашања кои не се поврзани со легислативата на ЕУ.
-Сите билатерални прашања што не се формално, стриктно правно поврзани со легислативата на ЕУ треба да бидат елиминирани од пристапниот процес. Тоа е единствениот пат напред и јас зборувам од искуство. Тоа не е навистина квантна физика да се воспостави и треба да бидеме коректни во тој аспект. Примерот со Северна Македонија е симболичен. Чекаа 15 години да се реши грчкото прашање, штом беше решено, сега имаме ново прашање. Тоа не е фер, тоа е штетно за имиџот на ЕУ и јас го велам тоа јавно со години и ќе продолжам да го велам, рече Пленковиќ.