Пленковиќ на средба со Зеленски: Хрватска знае како е да се биде под агресија

by Fokus

Во неделата наутро, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ пристигна во Киев на средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и претседателот на Врховната Рада – Руслан Стефанчук, соопшти прес-службата на хрватската влада.

Заедно со премиерот е и министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман.

„Хрватска знае како е да се биде под воена агресија и продолжува да обезбедува политичка, дипломатска, финансиска, хуманитарна, техничка и каква било друга можна поддршка на Украина, како и помош во грижата за украинските бегалци“, соопшти владата во соопштението.

Украинскиот државен врв на средбите ќе го информира премиерот за последиците од уништувањето предизвикано од руските напади, а ќе се разговара и за натамошната помош и продолжување на европскиот пат на Украина.

Посетата на премиерот се случува во пресрет на Денот на Европа и е израз на солидарност и поддршка за украинските власти и пријателскиот украински народ, кои се жртви на бруталната руска агресија, додаваат од прес-службата.

ПЛЕНКОВИЌ

Поврзани новости