Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е сериозен кандидат за нов генерален секретар на НАТО, пишуваат шведските медиуми.
Можни кандидати се и романскиот претседател Клаус Јоханис и естонската премиерка Каја Калас.
Два дневни шведски весници, социјалдемократскиот „Афтонбладет“ и конзервативниот „Свенска дагбладет“ наведуваат како главна причина што земјите од источна и централна Европа долго време се чувствуваат запоставени во распределбата на клучните давачки во Европската унија и НАТО.
Сепак, како што понатаму објаснуваат, претседателскиот мандат на Јоханис ќе истече дури во ноември 2024 година, а Калас се смета за премногу непријателски расположена кон Русија, што го става Пленковиќ во позиција на фаворит, доколку се бара следниот генерален секретар на Алијансата во овој дел од Европа.
Тие забележуваат и дека Пленковиќ шведската јавност го сметаше за еден од лидерите на Европската народна партија и влијателна личност во ЕУ.
За потсетување, мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истекува на 30 септември годинава и се очекува името на неговиот наследник да биде познато до самитот на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус на 11 и 12 јули, потсетува порталот „Индекс“.