Пленковиќ: Милановиќ го поткопува кредибилитетот на земјата во ЕУ и во НАТО

by Fokus

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Собранието повторно го критикуваше претседателот на Република – Зоран Милановиќ, велејќи дека „го поткопува кредибилитетот на земјата во Европската унија и НАТО“ и уште еднаш ја повика опозицијата да го поддржи учеството на Хрватска во активностите на НАТО за поддршка на Украина.

Со обвинувања против Милановиќ, Пленковиќ се обиде да ги убеди пратениците од опозицијата да гласаат за владиниот предлог за поддршка на Украина. За да биде усвоен предлогот на Владата, на Пленковиќ му е потребно двотретинско мнозинство гласови во парламентот.

Пленковиќ рече дека поради Милановиќ во НАТО не знаат дали Хрватска ќе остане сигурен сојузник или ќе им го сврти грбот во време на неволја.

„Не знаат дали ние сме земја што ќе и помогне на жртвата“, рече премиерот при претставувањето на годишниот извештај за работата на Владата во хрватскиот парламент.

Тој оцени дека во Хрватска има многу политички актери кои немаат „ни минимален елемент на идентификација“ со ЕУ или НАТО, поради што се води јавна дебата за тоа дали земјата треба да и помогне на Украина, што тој го нарече „апсурдно“. и „срамно“.

Пленковиќ ја повика опозицијата да размисли што прави нивниот глас за меѓународниот кредибилитет на Хрватска.

Поврзани новости