Голем број европски лидери на состанокот на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана го повикаа српскиот претседател Александар Вучиќ да се усогласи со надворешно политичката позиција на ЕУ, а во албанскиот главен град Вучиќ истакна дека Белград ја осудува руската агресија врз Украина и го почитува украинскиот територијален интегритет, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
„Динамиката на средбата на највисоко ниво стана интензивна, мислам дека ќе го забрза процесот на пристапување на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ”, смета Пленковиќ.
Тој рече дека во декларацијата по средбата за првпат не се користи „еуфемизмот на европската перспектива”, туку за „перспективата за членство во ЕУ”, што е „поконкретен израз” што покажува поголема посветеност до проширување на членките на Алијансата.
Пленковиќ рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил поканет од „голем број” лидери да се усогласи со надворешно политичките позиции на ЕУ, особено со пакетите санкции.
„Тој зборува за тоа дека тие секогаш ги имаат овие внатрешни работи во однос на односите со Русија, но споменува и дека ја осудиле руската агресија врз Украина и дека го почитуваат украинскиот територијален интегритет”, рече хрватскиот премиер.
Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не се приклучи на санкциите против Русија.
Пленковиќ на средбата рече дека Хрватска „како регионален енергетски центар” е подготвена да им помогне на земјите од Централна и Југоисточна Европа. Тој додаде дека ниту една членка на Европската унија нема резерва за членството на Хрватска во Шенген зоната и оти очекува тоа да биде одобрено на состанокот на европските министри в четврток