Пленковиќ: Ќе настојуваме да се премости блокадата за преговори на Македонија и Албанија со ЕУ

by Фокус

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека една од големите политички теми на хрватското претседателство со ЕУ ќе биде и самитот за Западен Балкан во мај, закажан на иницијатива од Загреб со цел забрзување на динамиката на проширување.

-Во нашите консултации пред самитот ќе настојуваме да се премости и деблокира тоа што, за жал, не беше одлучено во октомври на Советот на ЕУ, и да се пронајде начин како да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија – рече Пленковиќ на средба со новинарите.

Тој додаде дека најважна тема на нивното претседавање, во политичка смисла, ќе биде европскиот буџет, бидејќи, според него, ќе се одрази на сите политики на европскиот блок.

Поврзани новости