439
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска е казнет во износ од 3.000 куни (400 евра) поради несовпаѓање на имотната картичка.
Комисијата за одлучување за судир на интереси донесе решение дека Пленковиќ го прекршил Законот за спречување судир на интереси, бидејќи во имотната картичка не го навел имотот кај Дубровник, кој како косопственик го наследила неговата сопруга.
Комисијата не го прифати претходното образложение на премиерот Пленковиќ со кое тој се обиде да ја оправда неусогласеноста на податоците наведени во имотната картичка со оние доставени од Даночната управа.
Пленковиќ претходно изјави дека неговата сопруга не знаела дека третина од имотот наследила од нејзиниот покоен татко, бидејќи била малолетна, па не му го кажала тоа.