595
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска се тестираше за присуство на коронавирусот, но неговиот резултат бил негативен.
Пленковиќ беше тестиран бидејќи тој вчера беше на средба со министерката Блаженка Дивјак, на која денес и беше изречена мерка за самоизолација.
Тој вчера беше претседател на шестата седница на Националниот совет за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, а на состанокот учествуваше и министерката Блаженка Дивјак.