Пленковиќ и се извини на Украина поради Милановиќ

by fokus

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и се извини на Украина за изјавата на претседателот Зоран Милановиќ дека е една од најкорумпираните земји и ги отфрли неговите изјави дека ќе ги повлече хрватските војници од Украина затоа што во земјата не ни има хрватски трупи.

Милановиќ вчера изјави дека „Украина сè уште е една од најкорумпираните земји во светот, дека економски стагнира и не добила ништо од ЕУ“. Тој рече и дека Хрватска „нема никаква врска“ со конфликтот во Украина и оти, доколку тој ескалира, ќе повлече се „до последниот војник“.

– Колку што знам, нема хрватски војници во Украина, изјави Пленковиќ, додавајќи дека контингентот на хрватската војска што се наоѓа во Полска штотуку се вратил.

– Изјавите на Милановиќ се нереални. Неговата изјава за Украина како корумпирана земја е навредлива. На овој начин им се извинувам на Украинците, во име на хрватската Влада и се извинувам на Украина, една од првите земји што ја призна државата Хрватска и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска, нагласи Пленковиќ.

Поврзани новости