Пленковиќ го разреши приведениот Хорват од министерката функција

by Фокус

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши приведениот Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, кој се товари за злоупотреба на службената должност и овластувања, а утрово во неговиот дом беше извршен претрес.

Адвокатот кој го застапува Хорват изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба, додавајќи дека сите докази доаѓаат од друг случај каде второобвинета е Ана Мандац.

Полицијата, по наредба на обвинителството, заедно со Хорват ги истражува и вицепремиерот Борис Милошевиќ, државниот секретар на Министерството за регионален развој Велимир Зунац, директорката на управата за помошни области Катица Мишковиќ и други функционери.

Инаку, обвинителството бара притвор за Хорват, а Пленковиќ го разрешил на лично барање на веќе поранешниот министер.

Обвинителството се сомнева дека по налог на Хорват, неговата помошничка Мандац во табелата со оние лица на кои им се доделуваат грантови додала субјекти кои не ги исполнуваат критериумите.

Поврзани новости