Пленковиќ го „преживеа“ гласањето за доверба

by Фокус

Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба во хрватскиот Сабор. 64 гласаа за, а 76 пратеници против.

Опозицијата предводена од СДП побара гласање за доверба на владата на Пленковиќ по апсењето на Вили Берош додека беше министер за здравство, поради корупцискиот скандал во здравството.

Хрватските пратеници денеска треба да ја изгласаат и новата министерка за здравство, која доаѓа на местото на Вили Берош, кој беше уапсен поради скандали.

Поврзани новости