Оградени делови од плажи има во текот на целото крај струшко крајбрежје. Сламени огради, па дури и комплетно заградени делови од плажи можат да се видат на крајбрежјето, од кое дел е претворено во приватен имот.
Лица кои во моментов го поминуваат летниот одмор во Струга сведочат дека кога ќе се обидат да влезат во некоја од овие комплетно заградени плажи, добиваат одговор дека станува збор за приватен имот.
„Ве молиме напуштете ја плажата веднаш, ова е наш простор“, бил одговорот што го добиваат посетителите.
Инаку, пет плажи од Струга беа дадени под концесија на јавното наддавање во 2011 година. Највисоката цена која беше постигната беше 70 денари за еден метар квадратен, а најниската 60 денари за метар квадратен. Стануваше збор за плажи дадени на приватни концесионери кои сега се едни од најпосетените.
Но, како што велат упатените, во случајов не станува збор за ист случај, односно за плажи земени под концесија, туку за приватно присвојување јавен простор.