Платите на вработените во ФЗО ќе останат исти до мај

by Fokus

Платите на вработените во ФЗО ќе останат исти до мај, кога ќе се прави ребаланс на буџетот, потврди в.д. директорот на фоондот, Асаф Абдурамани.

„Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за еднаква вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем“, напиша Абдурамани.

Вработените нво ФЗО од вчера стапија во штрајк, поради најавата за намалување на нивните плати. Тие бараа платите да им бидат во висина на декемвриската плата, со утврденото зголемување од 15 отсто.

Поврзани новости