Платите на функционерите остануваат исти: пратениците едногласно ги донесоа законите

by Fokus

Пратениците од власта и опозицијата, едногласно ги донесоа законите за намалување на коефицинетите на пресметка на платите на 1060 избрани и именувани лица.

Според законските измени, кои ги предложи СДСМ, досегашното покачување од 78% на платите ќе остане, но ќе има намалување на коефициентот на пресметка, односно нивните плати во март нема да се усогласат туку ќе останат исти.

Вицепремеирот Фатмир Битиќи претходно рече дека вака предложените измени се најдоброто решение во моментов. Тој нагласи дека нема согласност од сите министри за намалување на нивните плати. Според него потребна е целосно нова методологија.

„Да се прашував јас, требаше да се вратиме во целосно нова методологија, да биде истата методологија како и за работниците во јавниот сектор во овој момент ја имаат, ама јас сум еден од 20те министри и затоа сметам дека ова најдоброто можно решение во овој момент….“ — изјави Битиќи.

Поврзани новости