Платини ја тужи УЕФА

by fokus

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини поднесе тужба поради заостанати обврски. Износот на побарувањето е 7,2 милиони евра, од кои 5,5 милиони се одложени плати.

Платини (64) беше на чело на УЕФА од 2007 до 2015 година. Во 2015 година, тој беше отстранет од етичкиот комитет на ФИФА за осум години, под сомнение за корупција.

Судот делумно ја отфрли жалбата на Французинот, намалувајќи ја казната на четири години.

Поврзани новости