Поради враќање во функција на двата целосно санирани 110 кВ далекуводи на Електродистрибуција, на ден 01.08.2024 (четврток) од 01:30 часот до 09:00 часот наутро, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците на следните локации:
-делови од Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар, Острово.
-Арачиново, Ораланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, делови од Јурумлери, населба Гоце Делчев, Сингелиќ, Маџари и Керамидница.
Инаку, невремето кое пред скоро две недели зафати дел од Скопје, меѓу останатото сериозно оштети и два 110 кВ далекуводи на Електродистрибуција.
Екипите на Електродистрибуција, МЕПСО и ЕЛНОС Скопје, ноќта работеа без прекин, со цел да им овозможат снабдување со електрична енергија на засегнатите корисници.
По успешниот зафат и стаблизирање на снабдувањето, екипи на Електродистрибуција продолжија секојдневно да работат на реконструкција на оштетените далекуводи.
По целосната санација следува и процес на повторно ставање во функција на далекуводите, процес кој ќе се реализира во горенаведениот период.