509
Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во населбата Ченто во општина Гази Баба со граѓаните зборуваше за општинските проблеми што ги имаат и што им го загрозуваат секојдневието.
-Потребно е итно решавање на актуелните проблеми, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш. Ние имаме конкретни решенија за оваа општина и истите ќе ги имплементираме во најкраток можен рок. Ќе ги поврземе општините Гази Баба и Аеродром и со ова ќе осигураме полесен пристап и растеретен сообраќај, истакна Арсовска.
Во Гази Баба, рече таа, е планиран и голем мега парк како и обновување на постојните во сите населби во општината, и создадавање на нови пешачки и велосипедски патеки