833
Повеќе планинари бурно реагираат дека, според нивните информации, во текот на вчерашниот ден во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на планината Водно во Скопје, е извршен насилен упад и домот е предаден во рацете на Х20 планинарскиот клуб.
„И покрај пандемијата, заложбите на Владата за владеење на правото, во планинарскиот дом е направен насилен упад од претставниците на ФПСМ, претседателот и поранешниот претседател на „Бистра“, поткрепени од претставниците од планинарското новоформирано друштво Х2О. Истиот е направен без судски налог и без присуство на претставниците на ПСК Бистра и полиција“, реагираат од ПКС Бистра.
Фото – ПСК Бистра