План за вакцинација во 3 фази, приоритет имаат медицинските лица под ризик и постарите од 70 години

by Фокус

Во првата фаза ќе бидат вакцинирани здравствените работници со највисок ризик и лица над 70 години, во втората фаза здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети и во третата фаза ќе се вакцинираат сите други што сакаат – ова накусо го предвидува планот за вакцинација што денеска го претстави министерот за здравство Венко Филипче.

-Целта е вакцинацијата да не запре. Граѓаните во ризични групи да се вакцинираат во што поголем број, за да постигне што поголем опфат. Здравствениот систем е подготвен за прием на вакцините и за и спроведување на вакцинацијата. Сите вакцини на пазарот се безбедни и ги поминале сите фази на испитување и студии. Имунизацијата е најсилно оружје во борба со вирусот, но и понатаму треба да се почитуваат сите други мерки –  маска, дистанца… – рече Филипче, најавувајќи дека се очекуваат вакцини од неколку механизми, а први треба да стигнат кинеските вакцини.

Тој посочи дека регистрацијата ќе се врши во сстемот „Мој термин“ кој ги регистрира податоците за возраста, евентуалното присуство на хронични болести ит. Потоа, според него, матичните лекари имаат обврска да ги искомуницираат граѓаните, да ја утврдат волјата да се вакцинираат итн. Следната недела, најави министерот, ќе биде фунцкионинален сајтот за пријавување, каде се прибираат податоци од „Мој термин“.

Поврзани новости