План за штедење во Грција преку намалување на уличното осветлување

by Фокус

Намалување на уличното осветлување и исклучување на светлата во три часот наутро на археолошките локалитети и историските споменици, предвидува планот на грчката Влада за намалување на потрошувачката на електрична енергија, пишува „Катимерини“.

Весникот пишува дека грчката Влада подготвува „СОС план“ за доброволно и/или задолжително намалување на потрошувачката на природен гас и електрична енергија на сите нивоа: станбени потрошувачи, индустрија, општини и јавна инфраструктура.

-По враќањето од летните одмори во август, граѓаните не треба да се изненадат ако улиците во нивните населби не се толку светли како претходно или фонтаните не работат, а светилката на археолошките локалитети и споменици се изгасени“, пишува „Катимерини“.

Општините веќе ќе имаат почнато со спроведување на планот, односно отстранување на една од десет светилки од уличното осветлување, но и исклучување на светлата во три часот наутро на сите историски споменици.

Поврзани новости