488
Бојлер се запалил синоќа околу 22 часот при што предизвикал пожар на Клиниката за уво, нос и грло во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со пет пожарникари и две возила.
Според првичните проценки опжарена е површина од шест квадратни метри и предизвикана е материјална штета од околу 12.000 денари.