Плаќајте сметки и даноци со готовина во секој дел од денот преку терминалите на „Пејнет“

by Фокус 09:39
09:39

Плаќање сметки за комунални услуги, електрична енергија, даноци, сметки за мобилен телефон или школарина за факултет, рати за кредит, купување патничко осигурување, па дури и донирање парични средства, од еден терминал во кое било време од денот, се само дел од услугите што на граѓаните им се достапни преку системот за брза наплата на интернационалната компанија „Пејнет“ (PayNet) која има свое претставништво и во Македонија.

Станува збор за глобално прифатен и безбеден систем за наплата што се одвива преку мрежа од платежни терминали (киосци) за самопослужување кои работат 24 часа дневно, 365 дена во годината. Системот „Плати брзо“ е наменет за сите граѓани кои повеќе сакаат да плаќаат во готово, но не сакаат временски да се ограничени со работното време на банки, пошти, државни институции, наплатни центри и други места во кои се врши наплата на различни услуги. Платежните терминали на „Пејнет“ прифаќаат првенствено готовина и се позиционирани како One Stop Solution, односно едно решение за сите потреби за плаќање.

- Advertising -

UntitledКомпанијата „Пејнет“ овој период интензивно ја шири својата мрежа од терминали за плаќање низ целата територија на земјава. Во моментов има 35 терминали „Плати брзо“ кои се поставени на различни локации во Скопје, Тетово, Куманово и во Штип. Терминалите на „Пејнет“ може да се најдат во големите трговски центри како Рамстор мол, супермаркетите „Тинекс“, „Рамстор“, „Рептил“, „Принц“, кампусот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на надворешни локации со голема фреквенција на луѓе и многу други места.

Преку платежните терминали на „Пејнет“ граѓаните може да ги плаќаат комуналните услуги на ЈП Водовод и канализацијаСкопје и во Јавното  комунално претпријатие Тетово, како и да ја платат давачката за Радиодифузна такса. Преку терминалите може да се платат и услугите на ONE за припејд мобилна телефонија. Од услугите за осигурување може да се платат Евроинс патничко осигурување и Еуролинк осигурување (отплата на рата или цела премија за осигурување), додека за сегашните и идните студенти достапно е плаќање на ФОН Универзитет (школарина и административни услуги) и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (школарина и други административни трошоци). Достапна е и опцијата за отплаќање кредит во М Кеш, како и трансфер на средства од е-паричник на НЛБ на сметка во истата или друга банка.

Корисниците на терминалите може да извршат надополнување на интернационални телефонски броеви (Vodafone, Beeline, Orange и др.), на онлајн игри (Steam Wallet Code, Battle.net Gift Card, Minecraft Prepaid Card, League of Legends Prepaid Game Card, Rixty Card, Xbox Live Gift Card) , Google play (Ebay Gift Card, Google Play Store Card), да платат за огласување и регистрација на огласи за продажба на интернет на Пазар3, како и на страницата Купи на попуст ( продажба на интернет на услуги и производи на попуст). Терминалите нудат и можност за донации за Црвен Крст, Златна Рипка, кризниот центар „Надеж“, како и за Првата детска амбасада Меѓаши. Најголемиот дел од сите овие услуги се плаќаат без провизија.

Покрај соработката со овие провајдери, портфолиото на услуги кои се достапни на терминалите на „Пејнет“ се зголемува од ден во ден. Компанијата постојано посветено работи на воведување нови услуги, па така наскоро ќе го прошири својот сервис со можност за плаќање на рати за кредит и за платежни картички во домашните банки преку терминалите на „Пејнет“. Истовремено, преку киосците ќе може лесно и брзо да се плаќа на глобално популарните страници за купување преку интернет како што се Амазон, Ибеј и сл.

Системот за брза наплата на граѓаните и на компаниите им нуди бројни предности со кои заштедуваат време и пари. Со плаќањето на нашите терминали трансферот на парите се спроведува веднаш, на безбеден начин, без опасност од злоупотреба на електронските картички. Граѓаните не губат време за да отидат до институциите или банките за да ги платат сметките. Од друга страна, компаниите кои се наши провајдери ги намалуваат оперативните трошоци како резултат на намалениот број вработени кои се вклучени во процесот на наплата, организација, логистика и намалување на ризикот од измама со кредитни картички или уплатници од банка. Среќни сме што овој проект сѐ повеќе станува популарен во Македонија и што овозможува да се зголеми свеста на граѓаните за поволностите од користењето на современи финансиски производи – велат од компанијата „Пејнет“.

За граѓаните кои преферираат да плаќаат електронски, системот „Пејнет“ нуди можност корисниците да креираат своја виртуелна сметка позната како „е-паричник“. Корисниците можат да ѝ пристапат на оваа сметка и да се регистрираат преку интернет-страницата на Пејнет Македонија (paynet.mk) или преку мобилна апликација за андроид и IOS. Тие можат да го дополнуваат е-паричникот преку платежна картичка или готовина од терминалот и да ги плаќаат сите сметки и услуги кои се достапни и на терминалите.

Освен што има бројни поволности за граѓаните, „Пејнет“ може да се искористи и како атрактивен рекламен простор. Имено, околу 40.000 лица секој ден ги гледаат екраните на терминалите на „Пејнет“, што е неверојатно висок досег споредено со стандардните медиуми кои се користат за рекламирање. Нестандардниот рекламниот простор на „Пејнет“ е одлична можност за малите и средните компании кои сакаат нивните производи и услуги да допрат до многу луѓе, но не располагаат со голем буџет за рекламирање.

 

Поврзани новости