553
Новото засилување на Барселона, Миралем Пјаниќ, се соочува со здравствени проблеми пред самиот старт на подготовките на клубот. Од таборот на шпанскиот великан објавија дека Пјаниќ имал позитивен тест на ковид 19 и во наредниот период ќе биде во карантин во домашни услови.
Поради ова репрезентативецот на Босна и Херцеговина нема да патува за Барселона во наредите 15 денови, што значи подоцна ќе му се приклучи на клубот кој подготовките за кампањата 2020/2021 ќе ги започне на крајот на овој месец.
Инаку, Пјаниќ од Јувентус се пресели во Барселона како дел од размената со Артур Мело.