Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување, во изјава за „Фокус“ вели дека честа е појавата превозниците нелегално да вградуваат дополнители резервоари за гориво со цел да возат поевтино, но дека тоа царините треба да го контролираат.
Нашите возила за да влезат во Грција не смеат да имаат повеќе 300 литри во резервоарот, дури и да им собира повеќе. Ние немаме такви одредби. Прашањето треба да биде за дополнителните резервоари кои многу камиони и автобуси ги вградуваат нелегално.
Многу превозници дополнително вградуваат резорвоари и ги полнат за да возат поевтино. Тоа е забрането во секоја земја и кај нас. Тие во сообраќајната дозвола имаат наведно големина на резервоар и тежина и доколку царината примети разлика и дополниелно говориво, возилото не треба да бидат пропуштено, објаснува Пивоваров.
Тој додава дека Царината е таа која треба да ги контролира овие нелегални дополнителни резервоари, како и лиценците на превозниците.
Ако немате одредена лиценца, цариникот треба ве паркира десно и да пријави во Инспекторатот. Плус, Инспекторатот според неговиот план за работа излегува на терен и сам врши проверки. Секое возило кое влегува на граница мора да биде проверено, вели Пивоваров.
Тој апелира и до медиумите повеќе да известуваат за проблемот со корупцијата на граничните премини за да се поттикне таа да се пријавува и да може да се реагира. Напоменува дека економииите од регионот годишно губат и до еден отсто од БДП поради оваа корупција.
Секретарот на регионалниот совет за безбедност на Перник, Васко Пиргов, вчера изјави дека автобусот во кој загинаа 45 македонски граѓани, „по се изгледа имал туби полни со нафта (најверојатно дизел) до предните седишта“.
За 10 евра се пропуштаат автобуси со нелегално дополнително гориво
Катерина Смилева Божиновска