429
Поранешниот шеф на военото разузнавање, Владимир Пивоваров, во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека странски служби не можат да вршат масовно прислушување во нашата земја, туку тоа го можат само нашите мобилни оператори.
-Една странска служба има конкретни цели во една држава, ние сме мала држава, можело да има еден, два или десет објекти. Логиката кажува дека доколку странски служби следеле комуникација, на овој или оној начин, тоа го прават на точно таргетирана група на луѓе. Тие немаат ниту интерес, ниту можност да го направат ова прислушување кое се случуваше во Македонија. Единствена техничка можност за вакво масовно прислушување имаат нашите мобилни оператори, изјави Пивоваров.