Пица со ликот на охридскиот градоначалник Пецаков!

by fokus

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков доби пица со својот лик. Специјалитетот е дело на охриѓанецот Дејан Трајанов – Чеде, во знак на благодарност до градоначалникот за изразената поддршка.

Инаку, Чеде на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освоил златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник.

Пецаков порача дека Општина Охрид ќе го поддржи Трајанов за претстоен натпревар кој ќе се одржи во Бугарија.

-Натпреварот во соседна Бугарија треба да му ги отвори портите на Дејан Трајанов за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија. Општина Охрид со задоволство му ја дава поддршката – порача Пецаков.

Вики Клинчарова

Поврзани новости