Питон проголтал жена, мештаните ја распарале змијата и го пронашле телото

by Фокус

Питон долг пет метри уби 45-годишна жена додека се враќала од својата градина во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, објавија локалните медиуми.

Мајката на четири деца живеела со своето семејство во областа Сиденренг Рапанг, а во четвртокот му кажала на својот сопруг дека оди на локалниот пазар во Калемпанг.

Но, бидејќи поминало долго време откако таа заминала од дома, нејзиниот сопруг и роднините почнале да ја бараат.

Следното утро, во близина на градината мештаните здогледале огромен питон, па навикнати на присуство на огромни предатори во близина на нивните домови и плашејќи се од најлошото, му го отворија стомакот на питонот.

Нивните стравови се оствариле. Телото на несреќната жена било пронајдено во стомакот на змијата. Се чини дека питонот ја каснал нејзината нога пред да ја завитка и прво да ја задуши, а потоа да ја проголта.

Поврзани новости