Питер Ванхауте со 14 правила до политичарите

by Фокус

Белгискиот посредник Питер Ванхауте, утрово на Фејбук објави 14 „златни“ за политичарите:

1. Земете си време да ги научете овие правила напамет

2. Кажувајте ја вистината – секогаш и секаде

3. Никогаш не заборавајте: граѓаните имаат право да знаат сѐ.

4. Исто и медиумите.

5. Не ги земајте парите за дома: тие им припаѓаат на граѓаните!

6. Не ветувајте нешто ако не можете да го исполнете!

7. Научете да губите во дискусиите и на изборите!

8. Прифатете дека НВО секторот знаe 100 пати повеќе од тоа што вие некогаш ќе занете, затоа потрпете се на нив како на прв извор на знаење.

9. Служете им на луѓето, не дозволувајте тие да ви служат вам!

10. Преземете одговорност за вашите грешки.

11. Возете се со велосипед секој ден и слушајте ги луѓето.

12. Критикувајте ги аргументите, никогаш луѓето!

13. Запомнете за што е политиката: да прави разлика во животот на граѓаните, не за вас!

14. Не заборавајте: има живот и после политиката!

Поврзани новости