Куче питбул териер денеска во Нови Сад го нападнало својот сопственик нанесувајќи му смртоносни повреди.
Брзата помош излегла на местото на настанот, но можела само да констатира смрт.
– Нашата екипа интервенираше по дојава дека куче питбул териер го нападнало сопственикот и му нанело смртоносни повреди. Медицинскиот тим интервенираше по прв приоритет, но можеле само да констатираат смрт на лице место на 56-годишен маж – изјавил портпаролот на итната помош во Нови Сад.
Според медиумите, телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот.
Претходно синот на починатиот повикал полиција и итна помош бидејќи не можел да влезе во станот.
Кучето било преземено од ЈП „Зоохигиена и ветерина“ и веќе е успиено, додека полицијата прави увид во станот.
Другите околности на нападот засега се непознати.