578
На местото каде сега е пистата за Формула 1 во Мексико ќе биде изградена болница.
Мексиканскиот Институт за социјална заштита соопшти за почеток на работи за изградба на времена болница за пациенти со ковид-19 на местото на автодромот Браќа Родригес – писта што е домаќин на Гран При во Формула 1 од 1963 година.
Болницата во Мексико Сити ќе биде со 218 легла за пациенти со симптоми на новиот коронавирус. Од тие, 28 кревети ќе бидат за интензивна нега, а останатите ќе бидат распоредени во осум одделенија со по 24.
Во градот Мексико Сити во моментов има 6 471 заразени, а врвот на епидемијата таму се очекува околу 15 мај.