177
Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигнало денеска во словачката Влада, соопшти прес-службата.
Според информациите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна рендгенска проверка, јавува словачкиот портал „Плус 7 Дни“.
Писмото пристигнало од непознат испраќач.
Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф ја потврди веста и додаде дека полицијата го истражува случајот.
Инаку, Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден.