Писмо на Караманлис до Буш докажува дека Грција во 2005 година прифатила двојна формула

by fokus

Поранешниот лидер, Костас Караманлис во својство на премиер, во 2005 година прифатил име Македонија, тврдат од грчката партија Сириза, чиј претседател е актуелниот грчки премиер, Алексис Ципрас.

Од Сириза денеска објавија документ кој наводно го докажува нивното тврдење. Документот е писмо на Караманлис напишано до тогашниот американски претседател Џорџ Буш во април 2005. Во него официјална Атина се согласила за двојна формула, така што името Република Македонија – Скопје би се користело непреведено само за меѓународна употреба. Освен тоа Караманлис гарантирал дека нема да го спори терминот „македонски“, додека за јазикот прифатил воопшто да не се водат преговори.

„Името што е предложено од страна на Специјалниот претставник е „Република Македонија – Скопје“, кое би се користело непреведено. Ова име би се користело за сите официјални намени во рамки на системот на Обединетите нации. Понатаму, предлогот ги повикува другите меѓународни организации, како и Соединетите држави, да го користат гореспоменатото име за меѓународна официјална намена. Уставното име „Република Македонија“ ќе продолжи да се користи за внатрешна намена во рамки на ФИРОМ, што значи дека нема да има уставни измени што би можеле да имаат негативни несакани ефекти на Охридскиот договор од 2001 година, што е потребно. Овој предлог не ги задоволува нашите позиции, но ние ќе бидеме подготвени да го прифатиме како основа за решение“, се вели во писмото од Караманлис до Буш меѓу другото.

Според медиумите во Грција со ова Ципрас на неколку дена пред парламентарните избори сака да ја докаже хипокризијата на Мицотакис и обвинувањата на Нова Демократија дека Ципрас  го „продал“ името Македонија.

Поврзани новости