Писмо до Курти од Макрон, Шолц и од Мелони – бараат да ги смири тензиите

by Fokus

Косовскиот премиер Албин Курти, добил писмо од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во кое уште еднаш се бара да ги деескалира тензиите на северот на Косово, пренесе „Газета експрес“.

Според информациите, писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел до Курти објавено во средата, но без детални барања, пишува приштинскиот весник.

Косовската Влада се уште не испратила официјално известување за добиеното писмо и за неговата содржина.

Поврзани новости