Писмен демант на прес-конференцијата на движењето „Антикоцкање“

by Fokus

Жалиме што во период кога целото општество се справува со тешките последици по здравјето на граѓаните и економијата предизвикани од пандемијата со “Ковид-19“, движењето „Антикоцкање“ продолжува со својата негативна кампања и ширењето лажни вести.

Посоченото лице кое наводно нападнало член на движењето „Антикоцкање“ воопшто не е вработен во автомат клубот „Адмирал“. Сепак, ги охрабруваме и ги повикуваме надлежните институции до карј да ги расчистат сите околности согласно законите кои важат во нашата држава.

Конечно, бидејќи со месеци сме цел на неосновани обвинувања, обиди за дискредитација, како претставници на реномирана странска компанија, ќе побараме од дипломатската мисија на Европската Унија во Република Северна Македонија да изврши мониторинг на тоа како се третираат одредени странски инвестиции, кои вршат дејност исклучиво согласно домашните позитивни законски прописи.

Автомат клуб „Адмирал“

Членка на Групација НОВОМАТИК во Македонија       

Поврзани новости