По преброени 92 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Словенија, резултатите покажуваат дека победи Наташа Пирц Мусар, независна кандидатка која го застапува политичкиот центар.
Според сѐ уште неофицијалните резултати, таа освоила 53,98 отсто од гласовите на избирачите, додека нејзиниот конзервативен противкандидат, Анже Логар доби поддршка од 46,02 отсто од гласачите.
Логар ѝ честиташе на Пирц Мусар, објавувајќи дека Словенија ја доби првата жена на позицијата шеф на држава.
Инаку, Пирc Мусар e адвокатка специјализирана за заштита на личните податоци, која ја застапуваше и сопругата на поранешниот американски претседател, Словенката Меланија Трамп.
Откако во првиот круг кандидатот на владејачката коалиција Милан Брглез го освои третото место, премиерот Роберт Голоб ја поддржа Пирц Мусар, со изјава дека „не треба да се дозволи кандидатот на СДС да влезе во претседателската палата бидејќи тоа ќе ја врати Словенија во „мрачните времиња“ на Јанез Јанша“.