Пиротски килим е подарокот за Меркел од Вучиќ

by Fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во 16 часот ќе пристигне во Србија. Претседател Александар Вучиќ подготви официјален подарок, традиционалниот Пиротски килим, дознава „Новости“.

Пиротскиот килим е традиционален производ на текстилниот занает во областа Стара Планина, претежно во областа Пирот. Главната карактеристика е што овој килим нема позадина, односно двете лица се сосема исти, единствен од таков тип во светот

Пиротските килими со околу 122 украси и 96 различни типови се заштитени со географска ознака во 2002 година.

Свеченоста за пречек на германската канцеларка ќе се одржи пред палатата „Србија“, објави службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.

Првата средба меѓу канцеларката Меркел и претседателот Вучиќ е планирана веднаш по свечениот прием, по 18 часот.

Поврзани новости