384
Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло ќе биде тренер на тимот на Сампдорија во следните две сезони.
Италијанските медиуми пишуваат дека клубот и тренерот „си подале рака“, а останува само уште формалното потпишување на двегодишниот договор и официјална објава на веста.
Пирло минатата сезона седеше на клупата на турскиот Караѓумрук, а Сампдорија сезоната ја заврши со Дејан Станковиќ како тренер.
Откако испаднаа во втора лига, Сампдорија се раздели со Србинот, па Пирло ќе биде човекот кој ќе треба да ги врати во елитата.
Пирло се враќа во Италија како тренер откако во 2020/2021 го водеше Јувентус и со „црно-белите“ ги освои Купот и Суперкупот на Италија.