Пиоли ќе го спасува Милан: Ме стимулираат критиките од навивачите!

by fokus

Калчолигашот Милан денеска го промовира новиот тренер Стефано Пиоли. Тој на функцијата го наследи Марко Џампаоло кој претходно беше разрешен.

Договорот е дизајниран за две години. Финансиските детали за трансакцијата не се обелоденети.

Според извештаите на италијанските медиумите, платата на Пиоли ќе изнесува 1,5 милиони годишно, а во случај да избори учество во европски натпреварувања следната сезона, ќе изнесува два милиони.

„Ги почитувам навивачите и нивните критики ме стимулираат. Мојот слоган е „победа“. Ќе работам на секое ниво на тимот“, рече Пиоли на својата прес-конференција.

Во својата кариера 53-годишниот Пиоли беше тренер и на: Интер, Лацио, Болоња, Парма, Киево, Палермо, Сасуоло. Негов последен клуб беше Фиорентина.

Во моментов Милан е на 13.место во Серија А со девет бода од можни 21.

Поврзани новости