Пингвини за две недели ќе стигнат во скопската зоолошка, живеалиштето им е подготвено

by fokus

Во наредните две недели во скопската Зоолошка градина треба да пристигнат нови жители, односно пингвини. За нив се подготви новоизградено живеалиште кое веќе е готово, а може да се види на фотографиите.

-Живеалиштето за пингвините е направено по светски стандарди со внатрешен и надворешен дел и ќе важи за едно од најубавите во Европа. На почетокот на мандатот им го ветивме тоа на децата и веќе го завршивме, ни изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Поврзани новости