По синоќешниот протест, кој излезе од контрола, односно беа повредени 47 полицајци, а имаше и десетина приведени, отец Пимен испрати порака до граѓаните: „Аман луѓе, бидете луѓе“!
Гледајќи како синоќа ескалира состојбата на протестите, се потрудив да го најдам еден мој одамнешен пост со кој сум им го честитал денот на полицајците. На оние полицајци кои професионално си ја вршеа работата и на протести и на контрапротести, кои стоеја достоинствено исправени и пред Шарените и пред Тврдокорните и на Битпазар, кои стојат и денес пред оние кои протестираат.
Го читнав и се нажалив дека ете ништо не се сменило и денес.
Тие си ја вршат работата, а нивните домашни се плашат за нивните животи.
Еве го постот за да се уверите во неговата актуелност и денес, но и да размислите да не ја барате кривицата во погрешни луѓе.
Аманте луѓе, бидете луѓе.
,,Убаво е да протестираш!
Поубаво е да не те натепаат на протест…
Најубаво е да си политичар и од страна да си гледаш…
Лошо е да си ПОЛИЦАЕЦ бидејќи си меѓу два огна.
Полошо е да си МАЈКА на полицаец и да стравуваш дали жив и здрав ќе се врати дома.
Најлошо е да си ДЕТЕ на полицаец и да знаеш дека таткоти е жртва на политичарите, од една страна а од друга на хулиганите!!! А сепак тој е херој!”, напиша Пимен.