Пилотот цело време бил во контакт со аеродромот, покажа истрагата за авионот што падна кај Белград

by Fokus

Денес околу пладне се урна авион во Батајница, а пилотот А.А. (70) загинал во пожар кој настанал откако леталото паднало во нива во близина на пистата во близина на аеродромот „13. мај“ во поле во Земун. Пилотот непосредно пред падот на авионот пријавил дека откажале контролите, а според неофицијални информации тоа се случило бидејќи летал ниско.

Пред несреќата, при обидот за приземјување на авионот паднал дел од крилото, а директорот на Центарот за истрага на несреќи Небојша Петровиќ изјави дека ултралесниот авион се наоѓа во регистарот на Управата за цивилно воздухопловство. Тој и официјално потврди дека во несреќата загинало едно лице и дека пилотот бил во комуникација со аеродромот до моментот на падот, пренесоа српските медиуми.

„Истрагата ја почнавме веднаш откако дознавме дека дошло до несреќа со трагични последици за лицето кое управувало со леталото. Станува збор за ултралесен авион кој полетал од аеродромот на 13 мај. Според првите информации што ги добивме од сведоци, пилотот цело време бил во контакт со аеродромот за време на летот, изјави Петровиќ.

Тој објаснува дека според првичните информации, тој авион бил во регистарот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство, што само по себе подразбира одредени процедури кои требало да ги задоволи според прописите издадени од страна на Дирекцијата.

„Тоа се податоци кои не можат да се соберат за толку кратко време и не може да се потпре само на усни информации. До нив може да се дојде писмено и официјално, со обраќање до Дирекцијата. Во такви ситуации, несреќи, точниот идентитет на пилотот може да се утврди само по обдукција и ДНК анализа, дури и ако некој го видел како влегува во леталото. Не знам со кого бил во контакт пилотот, ќе дознаеме во текот на официјалната истрага. Работата на истражните дејствија ќе биде отежната поради теренот. Ова е се што можам да ви кажам за несреќата, ќе имаме повеќе информации можеби за една недела“, изјави Петровиќ.

 

Поврзани новости