5
Пилотот на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ починал за време на меѓународен лет над САД, а остатокот од екипажот го прекинал патувањето и авионот слетал во Њујорк, соопшти компанијата.
„Ербасот 350“ полетал во вторникот вечерта од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, а капетанот се онесвестил за време на летот, објави „Туркиш ерлајнс“.
Обидот за прва помош бил неуспешен.
59-годишниот пилот успешно го поминал редовниот лекарски преглед на почетокот на март, соопштија од компанијата.