Пилотот со тешка алергија на пајаци бил каснат на сред лет од „слеп патник“ – тарантула.
Пилотот во петокот на 21 февруари летал со Iberia Airbus A320 на летот од Диселдорф за Мадрид, кога поради убодот доживеал тешка алергиска реакција, пренесува „Canarian Weekly“.
Веднаш бил лекуван со „урбасон“, кортикостероид со антиинфламаторни и имуносупресивни својства, кој бил во комплетот за прва помош на екипажот.
И покрај нападот на овој пајак, авионот на Iberia безбедно слета во шпанската престолнина, а патниците безбедно го напуштија леталото.
Авионот бил задржан на аеродромот додека стручни тимови вршеле дезинсекција за да ја елиминираат или истераат заканата со осум нозе, јавуваат медиумите.
Следниот лет, до градот Виго во Шпанија, доцнел три часа.
Истражителите веруваат дека пајакот влегол во авионот преку багаж од претходниот лет меѓу Мадрид и Казабланка.
Ибериа ерлајнс соопшти дека пилотот е добро и не претрпел долгорочни последици од пајакот.