126
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси би можел да добие договор вреден неверојатни 10.000.000 евра од национална асоцијација, пренесуваат српските медиуми.
Стојковиќ не се прослави на клупата на српската репрезентација на последното Европско првенство, каде натпреварувањето го заврши по групната фаза, но тоа по се изгледа не е лошо за друга асоцијација.
По сето горенаведено, можеме да извлечеме заклучок дека работата на Стојковиќ е повеќе ценета надвор од Србија, што очигледно го потврдува и оваа понуда, дознава Спортал.
Наскоро ќе се знае дали работата е завршена, како и секако за која репрезентација се работи.