Пикот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, предупредува епидемиологот Данаиловски

by fokus

Врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски.

Но, како што рече д-р Даниловски во вестите на Канал 5, тоа не значи крај на нашите маки бидејќи за да стигнеме до пикот имало период на качување и потоа ќе треба да помине уште еден толкав период на симнување, значи уште пет-шест недели.

Смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, но останува на ставот дека потребно е да се воведува викенд карантин со цел да се намали бројот на заболени на дневно ниво, ама клучно, за да се намали бројот на починати. Според него, медицинскиот персонал е здравствено и емотивно истоштен.

Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

-Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика, вели д-р Даниловски.

Поврзани новости