428
За смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, кои починаа за време на царски рез во болницата во Гевгелија, ќе одговараат двајцата гинеколози и анестезиологот кои го вршеле породувањето.
Пред два месеца беше покренато обвинение за тројцата лекари поради нивно несовесно постапување, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното бебе.
Маја и нероденото бебе починаа ноќта меѓу 22 и 23 октомври минатата година, при нестручно изведено породување, а истражните органи докажаа дека анестезиолозите биле пијани.
Смртта на Кадиева настанала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, поради што се задушило и бебето во утробата на мајката, покажа извештајот од судките вештаци.