Против две лица од Старо Село, општина Јегуновце, е поднесена кривична пријава откако под дејство на алкохол се претставувале како инспектори на УБК, во кафана во Тетово. 68-годишниот М.Ј. и 28-годишниот Д.С. се сомничат за „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“.
„На 10.04.2017 година околу 02,00 часот во угостителски објект без фирма во село Копанце-тетовско, сопственост на С.Т., пријавените под дејство на алкохол, претставувајќи се како инспектори на УБК Скопје, се обиделе да ги легитимираат гостите во објектот, по што извадиле огнено оружје. Пo интервенција на полициски службеници, при извршен преглед кај првопријавениот бил пронајден револвер марка “Застава” и шест куршуми, а кај второпријавениот пиштол марка “Маусер“ со празна рамка и осум испукани чаури калибар 9 милиметри“, велат од МВР.